(Фото) Градоначалникот Ѓорѓиевски обезбеди над 2000 пакетчиња за децата од Кисела Вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обезбеди пакетчиња за околу 1300 деца од градинките, околу 200 за децата со посебни потреби и преку 500 пакетчиња за дечињата од социјално-загрозени семејства. Дополнително, новогодишно пакетче ќе добијат и децата на сите вработени во Општина Кисела Вода.

-Новогодишните празнувања треба да бидат убави за сите, посебно за дечињата кои цел живот ги паметат подароците под елката, семејните празнувања и радоста на дарувањето. Се потрудив, како градоначалник, дечињата од сите градинки на територија на Кисела Вода и децата со посебни потреби да добијат новогодишно пакетче. Дополнително, покрај овие 1500 дечиња, со пакетче ќе им ги разубавиме празниците и на преку 500 дечиња од социјално-загрозените семејства. Секое дете заслужува да биде среќно и да има убави спомени од детството. Ова е мој мал придонес кон таа цел–изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при денешната посета на објектот “Мимоза” при ЈДГ “Весели цветови”, каде беше организирана свечена приредба за дечињата.

Тој им посака убава, среќна и безгрижна година полна со радост и љубов, а дечињата, распеани и весели се заблагодарија за подарокот. Новогодишното дарување од страна на Општина Кисела Вода продолжува и во наредните денови.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This