(Фото) Гoлa пaциeнтka во Koвид бoлницaтa во Белград фoтoгpaфиpaнa бeз нejзинo знaeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фотографија од пациентка која се пресоблекува во привремената ковид болница во Белград кружи на социјалните мрежи, а директорот на Арената потврди дека истата е направена од мобилен телегон, а не од надзорни камери.

“Имаме безбедносни камери и надвор и внатре во зградата, но практично е невозможно да се фотографира со безбедносни камери. Ова беше направено по телефон, тоа е единственото нешто што го знам во моментот”,рече дирекотот на арената Горан Грбовиќ

Тој е сигурен дека никој од здравствените работници и луѓето од армијата не го сторил тоа, затоа што, како што вели, тешко е да се дише под вселенски костуми и никому не би му паднало на памет да се занимава со такви работи.

“Овие луѓе се оптоварени со својата работа, даваат терапија, во Арената има повеќе од 400 пациенти. Никој од здравството и армијата сигурно не би го сторил тоа. Вели дека ќе се стори сè за да се открие кој ја сликал жената и како фотографијата дошла до социјалните мрежи” , изјави тој.

Тој потенцира дека се знае од кој профил на Инстаграм се проширила фотографијата и дека лицата одговорни за високо-технолошки криминал во Министерството за внатрешни работи, како и Српската армија, ќе сторат се за да ги пронајдат виновниците.

Тој вели дека му е жал што се случи тоа, што се фрла дамка врз беспрекорната работа во Арената, низ која досега поминаа повеќе од милион луѓе без ниту еден инцидент.

“Сето ова е тешко за мене. Таа жена е нечија мајка, сестра. Сè ќе се открие многу брзо преку истрагата. Почнаа истражните дејствија и сигурно ќе го достигнеме виновникот”, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This