(Фото) Еве каде заврши победничкиот дрес на Пандев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Пандев по којзнае кој пат беше херој на Македонија, овојпат селекцијата предводена од Игор Ангеловски со неговиот погодок се пласира на историско Европско првенство. Струмичанецот беше стрелец на голот во Тбилиси во минималниот триумф над Грузија (0-1).

Ако се прашувавте каде заврши дресот од историскиот натпревар на капитенот Пандев, одговорот го има познатиот музичар Џамбо Агушев. Струмичкиот трубач и неговиот бенд свиреа на дневната прослава со репрезентативците во хотелот, а Џамбо доби посебен подарок од сограѓанинот.

„Големо задоволство и чест ми е што го добив победничкиот дрес како поклон од легендата Горан Пандев. Благодарам царе“, напиша Агушев на својот Фејсбук профил.

Инаку, Агушев вчера ја прослави победата со братот на Горан, Сашко Пандев, каде во струмичка кафеана со жива музика уживаа во вечерта.

Пандев вечно ќе го памети дуелот во Тбилиси, каде според кажаното му се оствари најголемиот фудбалски сон и следниот јуни ќе ја води Македонија на дебитантски настап на едно големо натпреварување.

Golemo zadovolstvo i cest mi e sto go dobiv pobednickiot dres kako poklon od legendata #GoranPandev Blagodaram Caree 👑👑👑💪💪

Posted by Cambo Agusev on Friday, November 13, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This