(Фото) КОАЛА БЕГА ОД ПОЖАРИТЕ: Ги сопрела велocипедистите да и дадат вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една коала, прогонувана од пожapите во Австралија, ги сопре велосипедистите кои возеа кон југот на земјата и се напи вода од нивните шишиња.

 

 

 

Според велосипедистите, коалата одела на средина на патот, поради што тие запреле за да ја тргнат од патеката и и дале да пие вода, пренесува британскиот портал „Метро“.

„Застанав, а таа одеше директно кон мене и се качи на велосипедот кога и дадов вода да се напие. Никој од нас не видел нешто слично“, вели еден од велосипедистите.

Австралија моментално се соочува со високи температури, во просек од околу 40 степени, а кон жештините придонесуваат и шумските пожapи, кои уништија околу 30 проценти од живеалиштата на koалите и во кои настрадаа илјадници животни.

Пред избувнувањето на пожapите, се проценуваше дека во земјата живеат околу 28 000 коали, но нивниот број драстично опадна. Невладините организации ја обвинија државата дека не презема ништо за да ги спаси

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This