ФОТО: „Ла стампа“ со репортажа од славењето на Богојавление на Македонците во Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најтиражните италијански весници „Ла стампа“ во своето онлајн издание објави репортажа од денешното одбележување на Богојавление од македонските православни верници во регионот Пиемонт.

Вкупно 36 Македонци од гратчето Неиве и околината, меѓу кои за прв пат и една жена, Сандра Стоиловска, по литургијата во црквата Свети Архангел Михаил, со која чиноначалствуваше отец Михајло Матевски, се упатија кон реката Танаро.

По фрлањето во студените води, најбрз до крстот стигна 32-годишниот Далибор Стаменковски од Неиве.

„Церемонијата е една од најважните од литургиската година, која во Македонската православна црква го следи јулијанскиот календар, ‘одложен’ за 13 дена во споредба со грегоријанскиот календар на католиците“, пишува „Ла стампа“ во репортажата од славењето на Водици меѓу Македонците од Неиве, кои повеќе од 15 години го одбележуваат големиот христијански празник со скокање по осветениот крст во реката Танаро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This