(Фото) Маpичиќ во тесни cпидoвки, 3aeв нacмеан: Социјалните мpeжи вpиjaт, од Влада потврдија дека 3aeв е на одмop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија гopи, но гopaт и социјалните мрежи откако на Твитер се појави фотографија од премиерот Зоран Заев на плажа, а фотографии се појави и од министерот за правда Бојан Маричиќ кој ужива на плажа.

„Село гори баба се чешла“ е коментарот на Твитер кој стои како опис на двете фотографии имајќи ги во предвид големиот број на активни пожари во Македонија кои досега однесоа еден живот, уништија големи пространства шума, но и имот на граѓаните.

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, соопшти преку „Фејсбук“ Владата.

Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, пишуваат оттаму.

Додаваат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.

Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, се вели во фејсбук-статусот на Владата.

Ваквото однесување на претставниците на власта во овие моменти тешки моменти за држава предизвика огромен гнев кај граѓаните кои се подогодени од корона кризата финансиски и здравствено, а сега капак на се се огромните пожари кои ја зафатија Македонија.

Македонија се соочува со катастрофа, загрозени се села и градови, горат илјадници хектари шуми, загрозени се животи и имоти на граѓаните, а Заев и министрите се на одмор, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во свое сопштение.

Од опозицијата го критикуваат и Петре Шилегов кој според нивните информации исто така го користи својот одмор кога во скопско имаше 18 активни пожари, а 3 беа посериозни. Веќе неколку дена во јавност се нема појавено ниту Оливер Спасовски.

СДСМ со загриженост го следи развојот на настаните со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата. Станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, предизвикана е голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси. Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите, пишува во партиското соопштение.

„Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик, велат од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This