(Фото) Некој во Влада има смисла за „xyмop“: Кафеански хармоникаш седна во директорската фотелја на РЕК Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, па така разрешен е директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана, пренесува Нетпрес.

Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Според достапните информации, новиот директор на РЕК Битола, Пеце Матески, во компанијата е вработен од пред околу две-три години. Пред само неколку месеци, пак, е поставен за директор на Термоелектраната, што случајно или не се совпаѓа со периодот кога се случија и најголемите хаварии во Комбинатот.

Инаку од претходно, меѓу сограѓаните и колегите Матевски бил познат како продавач на мастики „Airwaves“ по продавниците низ Битола.

Битолчани, исто така, велат дека дотолку е деградирачки за самиот РЕК Битола и фактот дека Матески има своја музичка група со која свири по свадби. Оттаму, според нашите соговорници, во РЕК-от со неверување и смеа е дочекана веста дека „Пеце свирачот“, како што е прекарот по кој го препознаваат битолчани, станал директор на Комбинатот.

Извор: Нетпрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This