(Фото) Ова е документот со кој Боки 13 побарал разрешување на судијката Софче Гаврилов Ефремова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Документ со печат од СУДСКИОТ СОВЕТ НА Р. Македонија со кој Бојан Јовановски – Боки 13 бара разрешување на судијата Софче Гаврилова Ефремова, беше објавен од Курир.

Ова е документот по кој дел од медиумите известуваа во изминатите неколку дена. Како што може да се види од архивскиот печат, домументот е примен во Судскиот совет на 15.12.2021, во него се наведени значајни околности кои што ги наведува обвинетиот Јовановски во поткрепа на неговото барање.

Судскиот совет во изминатиот период разреши судии за многу помали работи отколку овие факти кои што се наведени во барањето на Јовановски за утврдување на нестручно и несовесно работење на судијата Софче Гаврилова Ефремова и разрешување од судиската функција. Каква ќе биде одлуката по ова барање останува да видиме.

Следно закажаното рочиште за главна расправа за случајот Меѓународен сојуз е веќе утре, 21.12.2021, во 10 часот. Јавноста очекува да види дали обвинетиот Јовановски повторно ке биде спречен да зборува пред судот од страна на судијата Софче Гаврилова Ефремова која го води предметот.

Бојан Јовановски токму поради овие околности за цензура и спречување на докажување и политичко судска спрега со однапред договорена агенда, како и други прецизно наведени околности го бара и го темели барањето за разрешување на судијата.

Целиот документ кој го доби Курир, можете да го прочитате во продолжение

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This