По 8 месеци, Љупчо Палевски конечно е на слобода. 8 месеци тој ги помина во Република Србија во екстрадиционен притвор додека во Хрватска за само 10 дена беше ослободен. Претходно во јавноста се шпекулираше дека кај него има УСБ со докази и индиции за криминал на високи државни и партиски функционери и дека токму ова е причината што толку време беше во притвор. Останува да почекаме тој да го каже своето…
-8 месеци Србиве ме носеа на суд во Хрватска, а Хрвативе за 10 дена пе пуштија рааттт, Јустинијана на балканов е класична курветина, пишува на Фејсбук Љупчо Палевски.