(Фото) ПА КОГА НЕМА НИШТО СРАБОТЕНО: Заев се фали со проекти стари шест години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, во недостаток на реализирани проекти и дела, почна да промовира стари остварувања, кои тој не ги има направено.

Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, вчера присуствуваа на свеченост по повод пуштање во употреба објекти за снабдување со здрава и квалитетна вода за пиење во општина Пробиштип.

Премиерот Заев посочи дека со ова се решава пpоблемот со водоснабдувањето за жителите на општината и додаде дека проектот во вредност од 1.200.000 евра е остварен со учество од 600.000 евра од Владата и исто толку од владата на Словенија и словенечкиот Центар за меѓународен развој и соработка.

-Со намера оваа поддршка да добие уште поцврста системска структура, на една од последните седници на Владата донесовме одлука за формирање меѓуресорска работна група задолжена за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на дeцентрализација и на рамномерниот регионален развој, рече Заев.

Сето ова ќе беше нешто за кое премиерот заслужува пофалба, но овој проект е реализиран далечната 2013-та година. Филтерстаницата која вчера ја промовираше премиерот е во функција веќе шест години.

Изгледа, при посетата на Пробиштип, Заев сфатил дека таму нема што да промовира бидејќи откако „дојде животот“ не е остварено ниту едно големо ветување за пробиштипјани. Нема проекти, нема инвестиции.

Инвестицијата која ја посети Заев е на инвеститор дојден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Договорите беа склучени и промовирани од високи претставници на минатата Влада.

По настанот се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат:

Почитувани сограѓани,денес повторно по кој знае кој пат бевме сведоци на безидејноста и бесрамноста на оваа власт,…

Posted by ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип on Friday, July 26, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This