(Фото) ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВОЈ УБАВЕЦ: Фотографиран прекрасен примерок на Балкански рис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Фејсбук страната на Националниот парк Маврово денеска е објавена прекрасна фотографија од прекрасен примерок на рис, припадник на видот Балкански рис (Lynx lynx martinoi), кој, веројатно веќе знаете, се смета за кpитичнo загpoзен вид.

Убавецот е „yловен“ со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот рис, кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД). Дека се работи за навистина ретка прилика да видиме ваков убавец, зборува фактот што, според податоците презентирани од МЕД пред една година во „Нова Македонија“, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на Jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки.

Токму поради тоа што вкупната популација е помала од 50 единки, Балканскиот рис (подвид на Евроазискиот рис) е сместен во категоријата на кpитичнo загpoзени видови (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Како таков, од 2015-та година е ставенна црвената листа на IUCN, истакнуваат од МЕД.

Во Националниот парк Маврово и неговата потесна околина, се среќаваат помеѓу 10 и 18 риса, со просечна густина од 1.7 рисови на површина од 100 квадратни километри, велат од МЕД. Што се однесува до источна Македонија, последен пат таму рис е виден во 1924 година, на Плачковица.

Фотографија од Рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се…

Posted by Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park on Friday, July 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This