(Фото) Пола државен врв денес отвораше пазар – Има разлика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев, и „пола“ државен врв денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод старт на работите на новиот Градски пазар во Велес.

На настанот покрај премиерот Заев присуствуваа и Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Љупчо Николовски, заменик-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа и Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој.

-Ми претставува посебно задоволство да бидам дел од овој настан со кој се означува стартот на работите на еден од најзначајните капитални проекти за Велес и велешани – изградбата на новиот Градски пазар, изјави Заев.

Колку за споредба да се потсетиме на работата на претходната Влада.

Пред 6 години почна изградбата на фабрика на германската компанија „ОДВ Електрик“ во ТИРЗ Охрид/Струга. Во фабриката денес се роизведуваат компоненти за автомобили. Инвестицијата е 15 милиони евра, а се градеше во две фази и беа отворени околу 400 нови работни места.

„Со денешното поставување на камен темелникот на новата фабрика Македонија добива нова голема инвестиција од автомобилската индустрија“, рече Груевски.

Деловите што ќе се произведуваат во „ОДВ Електрик“ ќе се продаваат во речиси сите земји во ЕУ и во Кина. Груевски потсети и на најавената инвестиција на компанијата „Костал“, која исто така предвидува илјада вработувања, ќе значи големо раздвижување на пазарот на трудот во охридско-струшкиот регион.

„Компанијата ОДВ во моментов вработува 310 лица во својот објект со површина од 4500 метри квадратни, а со новата инвестиција производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10 илјади метри квадратни“, нагласи директорот Младеновски во 2018-та година.

Германската компанија ОДВ Електрик, која работи во технолошко индустриската развојна зона Струга/Охрид, во 2018-та година започна со реализација на втората фаза на инвестицијата, односно изградба на нов дополнителен производствен капацитет од 4500 метри квадратни метри, инвестиција од 4,2 милиони евра и нови 90 вработувања.

Ако вчера одбележавме потпишување на договор за инвестиција на STS Textiles во Велес за 1 000 нови вработувања, денес има одлична вест за Охрид, каде со работа започнува германската компанија Костал која ќе донесе нови 1000 вработувања во Охрид и охридско и нов значаен стимул за македонската економија, напиша на својот ФБ профил екс премиерот Никола Груевски пред 4 години.

-Официјално стартува почетокот на производствените активности на германската компанија Костал, водечки извозник на технолошко напредни и иновативни производи во автомобилска индустрија, а ќе произведува електронски и електромеханички производи кои ќе се вградуваат во познати и луксузни автомобили во светот како Мерцедес, БМВ, Ауди, Порше и други, напиша тогаш Груевски.

На крајот на февруари 2021 во Република Македонија се регистрирани 159.608 невработени лица, за разлика од истиот период на минатата година кога бројката изнесувала 105.816. За само една година во државата се зголемил бројот за точно 53.789 нови невработени лица. Ова се официјалните податоци на Агенцијата за вработување, што значи дека невработеноста во Македонија пораснала за неверојатни 50 проценти.

Во Македонија има но и понатаму се очекува одреден степен на инфлација, вели гувернерката на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежовска.

Но според нејзините очекувања, таа нема да биде изразена во голем процент. Таа ова го истакна во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија каде што, избегнувајќи да изнесува конкретни бројки, запрашана за очекувањата заклучно податоците за цените на прехранбените производи и на енергенсите во март.

Бруто домашниот производ за вториот квартал oд 2020-та година доживеа пад од 12,7%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Пад има кај сите параметри освен кај јавната потрошувачка. Најмногу претрпел извозот кој е намален за дури 31,3%, додека увозот бележи пад од 29,6%.

„Кога Америка кива, целиот свет фаќа грип.“ -но оваа поговорка со која финансискиот експерт Џон Јоновски, се обидува да ги објасни импликациите на глобалната криза врз останатиот дел од светот не важи за Македонија иако географски земјата и припаѓа на Европа. Македонската економија засега не е загрозена од финансиската криза во Америка, пишуваше Дојче Веле во 2008 година.

Но тоа не се случи имајќи во предвид дека бруто домашниот производ во второто тромесечие за време на светската економска криза во 2008 година забележа раст од 6,5 проценти, во однос на истиот период 2007 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This