(Фото) Пpивeдeн житeл oд Кичево: Пpи пpeтpec мy билe пpoнajдeни дpoгa и пиштoл, пoтoa дoмa мy ja oткpилe и зaлихaтa..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата при проверка на автомобил „сааб“ со кичевски регистарски ознаки вчера пронашла прашкаста материја, марихуана и пиштол, а потоа при претрес во домот на возачот на автомобилот во Кичево, биле пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин, како и дигитана вага, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 21:45 часот на улица „29 ноември“ во Кичево полициски службеници од СВР Охрид-OВР Кичево запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф.М.(40), а сопатник бил П.Ј. и при преглед кај нив е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања, пиштол марка „Зораки“ и еден куршум, информираат од МВР.

Потоа, по издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајдена е прашкаста материја, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М.

При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин, се вели во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од КЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This