(Фото) Пpeтceдaтeлот Пендаровски пpими пpeтcтaвници нa Македонското лeкapcкo дpyштвo (МЛД)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонското лекарско друштво (МЛД) коешто повеќе од 70 години функционира во нашата држава.

На средбата претставниците на МЛД го информираа претседателот Пендаровски за тековните проекти и планираните активности во насока на подобрување на севкупниот квалитет на здравствените услуги, преку усовршување и развој на македонската медицина и сродните науки.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка на континуираната посветеност на Македонското лекарско друштво во воспоставувањето високи етички стандарди и заштита на лекарската професија, со крајна цел унапредување на здравствената нега на граѓаните во Република Македонија. Оддавајќи признание на севкупниот ангажман на лекарите во справувањето со Ковид-19, Претседателот истакна дека пандемијата дополнително ја акцентира исклучително важната улога на здравствениот сектор, притоа нагласувајќи ја неопходноста идните стратегии да бидат градени во согласност со потребите и целите на науката. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This