(Фото) РЕК остана без јаглен? : Во моментов работи на мазут, не чека тeшкa зима

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

РЕК Битола неофицијално е без јаглен. Телма пред неколку дена објави дека во термоцентралата има јаглен за само уште неколку дена, но Инфомакс открива дека базените каде се складира јагледнот се целосно празни иако во минатото пред грејната сезона тие секогаш биле полни.

Ископот на јаглен во изминатите 4-5 години е паднат на 30 проценти од она што се копало во изминатите 10-тина година.

За трите блока на РЕК Битола да работат потребни се околу 18 илјади тони јаглен за 24 часа.

Инфомакс ексклузивно дознава дека во моментот работат само два блока на РЕК Битола, но со исклучително намален капацитет. Во моментов соодносот на гориво во двата блока е околу 80 проценти мазут и околу 20 проценти јаглен.

Совршеното сценарио на енергетски баланс кое е најенергетски ефикасно е јаглен 80 проценти и мазут 20 проценти. Огромната потрошувачка на мазут предизвикува и огромно загадување на амбиенталниот воздух во Битола и регионот.

Во моментов работата пет горилници на мазут, односно два болка, потенцијалната снага на двата блока е 240 мегавати. Во моментов тие работат со снага од 110 мегавати.

Само за потребите на РЕК Битола и тешката машинерија која ја има во термоцентралата се трошат 80 мегавати од 220 кои се произведуваат во моментов.

Ниту Телма не успеа да дојде до точната бројка на резерви на јаглен.

-Производството на електрична енергија е стабилно и снабдувањето на домаќинствата се одвива редовно и непречено. Како што беше изнесено по заедничкиот состанок на енергетските компании и рке, сите енергетски и други надлежни институции работат на заедничко решение и вложуваат координирани напори за надминување на настанатата состојбата, велат од ад ЕСМ, во штурото соопштение до медиумите.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This