(Фото) Се развеа македонското знаме кај кружниот тек во Кисела Вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После подолго време, кај кружниот тек во Кисела Вода повторно се развиори македонското знаме.

Симболизам

Сонцето подеднакво без никакви поделби и дискриминации грее за сите луѓе и живи суштества на планетата. Оттаму, симболиката на сонцето е многу космополитска, слободољубива, либерална, демократска, егалитаристичка, општочовечка — особини кои во голема мера се застапени и во традициите на Македонија, македонскиот народ и граѓани, кои отсекогаш мирољубиво живееле без никому да наштетуваат под едно исто сонце.

Сонцето како народен симбол на Македонија и Македонците има долга историска традиција.

Тоа било официјален симбол на древномакедонското царство и македонската кралска династија Аргеади на која припаѓале најпознатите македонски цареви Филип и Александар Македонски. Познатата Ѕвезда од Кутлеш која симболизира сонце со 16 зраци била пронајдена на ковчег на кралската гробница на Филип Македонски, а исто така сличен приказ со помал број на сончеви зраци се пронајдени и на бројни борбени штитови кај гробницата во Старо Бонче и други места ширум Македонија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This