April 30, 2024, 10:19 pm

(Фото) Средното училиште Карев како штаб на СДСМ: Во дворот на Карев билборди од Весковски, директорот тера кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средното училиште Никола Карев изминативе неколку месеци е претворен во партиски штаб на СДСМ.

Нашата редакција направи неколку фотографии од билборди кои се сместени во самиот двор на училиштето на кој е прикажн кандидатот на СДСМ за градоначалник во Карпош Душко Весковски.

Соогласно Членот 7 од Законот за средното образование во средното училиште е забрането истакнување на партиски и верски обележја.

Сите средни училиште во Скопје се под ингеренции на Градот што значи дека Шилегов со дозволата за поставување на партиски билборди во дворот на училиштето директно го прекршил Законот за средно образование.

Одговорност за ваквото грубо прекршување на Законот и истакнување на партиски обележја во училиште има и директорот Андреј Манолев чиј Фејсбук профил е претворен во подвижна реклама за СДСМ и Душко Весковски.

Тој редовно споделува постови со поддршка за Весковски, Шилегов и СДСМ.

Соогласно Законот за средно образование на средното училиште Никола Карев му се заканува глоба од 1600 евра.

Душко Весковски на својот профил сподели неколку фотограгии од дворот на училиштето кој го злоупотреби за партиски цели.

Манолев го прекршил членот  109 став 1 од Законот за средно образование бидејќи  дозволил организирање и дејствување на политички партии во средното училиште и истакнување партиски обележја.

Ваквото однесување на Манолев е класична злопупотреба на школото за политичка кампања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This