April 27, 2024, 10:57 pm

(фото) ТРИ СОНЦА СЕ ПОЈАВИ ВО РУСИЈА: Ова е честа појава за овој регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изутринава на небото над Јамало-Ненецкиот автономен округ можеле да се забележат “три сонца” или хало. Ваквата оптичка појава на северот од Русија е објавена на социјалните мрежи.

Ова е честа појава за овој регион, изјавил директорот на окружниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина Артјом Кошкин, за Спутник.

“Тешко ми е да разговарам за хало бидејќи кај нас во Салехард (административен центар на автономниот округ) на пример денеска е облачно. Тоа е оптичка појава побрзана со честички, кристали, ситен снег и влага која се наоѓа во воздухот”, вели Кошкин и додава дека ова е прилично честа појава во оваа област.

Според неговите зборови, ваквите феномени се можни благодарение на цела низа фактори кои воглавно зависат од кондензацијата на ситните честички во воздухот. Притоа не секогаш е важна ниската температура: на пример, денеска температурата во регионот нема да опадне под 13 степени, што е релативно топло, истакнал Артјом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This