(Фото) Убавини: Со македонско знаме во раката се игра македонско оро во Пиринска Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Атанас Кирјаков е роден во декември 1960 година во Горна Џумаја, Пиринска Македонија. Потекнува од бегалско семејство од Егејскиот дел на Македонија. Со основно и средно техничко образование се стекнал во родниот град, денес наречен Благоевград.

Кирјаков во 1991 година ја основа издавачката куќа “Кукуш 1913“, преку која го издаваше весникот “Пиринска камбана“. Атанас Кирјаков е еден од основачите на Обединетата Македонска Организација Илинден (ОМО Илинден). Во Горна Џумаја во 1995 го основа Културно-просветното и спортско друштво “Светилник“. Активно се занимава со проучување на македонската историја преку собирање документи од Пиринскиот дел на Македонија. Врз основа на таквите документи, со Александар Донски во 2005 г. ја објавија книгата “Сведоштва од Илинденскиот период“.

Тој е голем борец за македонските права во Бугарија, а на својот Фејсбук сподели како се игра македонско оро со македонското сонце во Кутлеш.

-Македонско оро со шеснаесет кракото сонце се вие крај Роженскиот манастир , Пиринска Македонија, пишува Кирков.

Роженски манастир — наjголемиот манастир во Пиринска Македонија, кој се наоѓа до селото Рожен недалеку до градот Мелник.

Главната црква е посветена на св. Раѓање на Пресвета Богородица. Бил создаден уште во средниот век, а денес е потчинет на Неврокопската епархиjа на Бугарската Православна Црква. До манастирот е гробот на воjводата Јане Сандански.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This