(ФОТО) ЦЕЛО МВР ЧАЛАМЏИИ: Со службени коли на МВР на ручеци во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Користењето на службените возила за приватни намени во Министерството за внатрешни работи, според се’ судејќи, не бил исклучок за кој „падна“ директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, туку станува збор за вообичаена практика, па откако НетПрес објави и документи за повеќе вакви постапки од страна на полициски фунционери доставени до внатрешната контрола на МВР, до редакцијата пристигнаа нови материјали за прекршувања на правилата за користење на возилата, овојпат во Битола.

Според нашите извори, станува збор за Николче Ѓорѓиевски, кој е началник на криминалистичката полиција и десна рака на началникот на СВР Битола, Славко Јовановски, двајцата партиски активисти на СДСМ. На 16-ти август годинава Ѓорѓиевски по работно време полициско возило марка „Шкода Октавиа“ со ознаки БТ-5991-АД, го користи за приватни цели, односно ручеци и престои во угостителски објекти на подрачјето на СВР Охрид, поточно низ кафeаните околу манастирскиот комплекс Свети Наум.

Неговиот престој на подрачје на друг сектор со службено возило нема ниеден правен основ, велат изворите, особено што при престојот на подрачјето под надлежност на СВР Охрид, Ѓорѓивски нема средба со колеги од охридската полиција.

Дваесет и четиричасовно користење на службено возило на старешина од неговиот ранг е предвидено исклучиво со потпис на министерот за внатрешни работи. Кои се причините поради кои началникот Ѓорѓиевски користи 24 часа службено возило надвор од подрачје на секторот за внатрешни работи Битола останува нејасно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This