April 27, 2024, 10:01 pm

(Фото) Цeл Бaлкaн вo ШOK: Peгиoнaлнитe мeдиyми ни ce cмeaт пo влeгyвaњeтo нa пpaтeниците co кopoнa вo Coбpaниeтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен во Македонија, буквално и регионот е гневен по скандалозното влегување на двајцата пратеници од власта во македонското собрание за да може да го одржат и така климавото мнозинство на СДСМ во законодавниот дом.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ освен што го навлекоа гневот во македонската јавност, но и сторија кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не им важи пратеничкиот имунитет, тие станаа топ тема и во соседните медиуми.

Имено вчера веста за нивното неодговорно однесување го пренесоа и едни од најпознатите медиуми во соседна Србија.

Танјуг пишува дека во Северна Македонија заразени пратеници гласале во скафандери, додека РТС пишуваат дека во Македонија гласале пратеници со корона, а Мицкоски потенцирал дека тоа е тероризам.

Врста не остана не забележана и во бугарските медиуми, па така бугарскиот портал НОВА ја пренесе снимката од пратеничката која со ковид пристигнува во собранието.

Веста за влегувањето во собранието од страна на пратениците беше пренесено и во неколку странски медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This