(Фото) Ѓорѓиевски: За првпат на дело покажуваме справување со урбанистичкиот xaос во Кисела Вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акција за рушење на нелегално изграден објект утринава се одвиваше во Драчево. Се работи за индустриски капацитет чија сопственик ја започнал градбата кон крајот на летото, без да поседува било каков документ. Сепак, и без дозвола за градба, пред очите на сите, тој се градел и стигнал до фазата во која беше денес.

Градоначалникот Ѓорѓиевски кој присуствуваше на рушењето, упати јасна порака до сите дека од сега, во општина Кисела Вода смее да се гради исклучиво законски и дека нема да има толеранција за никого.


Законот мора да важи за сите подеднакво, не смее веќе да има повластени лица и дискриминирани граѓани во општина Кисела Вода. Денес, започнавме со рушење на диво изграден објект во Драчево, чија градба започнала без соодветната документација, но со амин од претходната општинска администрација. За ова, јас ќе имам нулта толеранција. Законот е највисоката инстанца, која никој не смее да ја прескокне ако сакаме правна држава и општина во која секој граѓанин ќе биде еднаков. Кисела Вода мора да биде општина од 21.век, општина за сите луѓе – подеднакво-потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This