Германците им нацpтаа на Бугарите: Ако Скопје ги исполни барањата на Софија ќе ја фалcификува историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во текстот со наслов „Софиското фалсификување на историјата“.

Се бара бугарското малцинство кое живее во Северна Македонија да биде спомнато во Уставот. Неопходното двотретинско мнозинство за такво нешто во Скопје можеби ќе се најде полесно ако Бугарија со децении не ги исклучува систематски сопствените граѓани кои се дефинираат како Македонци.

Радев бара Скопје да ја цензурира дебатата во земјата, зашто она што во Бугарија се смета за ‘говор на омраза’ е она што се однесува на периодот од 1941 до 1944 година, кога Бугарија, во тоа време помлад партнер на Хитлеровата ‘оска’, окупирала најголем дел од Македонија, како и делови на северна Грција.

Софија во Македонија спроведувала безобѕирна политика на бугаризација.

Франкфуртер алгемајне цајтунг потсетува дека премиерот Заев пред извесно време „од избрзана послушност кон Софија“ објавил дека неговата влада ќе наложи да се отстранат повеќе спомен-плочи на кои се потсетува на „бугарската фашистичка окупација“, што наишло на остра критика од страна на македонските историчари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This