(Фото) Ѓорѓиевски: Обезбедивме компјутер за секој наставник од училиштата во Кисела Вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. И во ова, и во сите останати 10 училишта во општина Кисела Вода, денес беше реализиран проектот Компјутер за секој наставник, кој има за цел подигнување на квалитетот на наставниот процес во општинските училишта.

-За секоја училница од сите 11 објекти, од осумте централни и трите подрачни училишта, Општина Кисела Вода, преку донација обезбеди компјутер за наставниците. На овој начин, тие ќе можат во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место. Ова е посебно значајно бидејќи од оваа учебна година дневникот постои само во електронска форма, но и поради фактот што се обезбедува поквалитетно изведување на онлајн наставата за учениците кои се во изолација. Воедно, ова ќе помогне и во подобра примена на ИКТ во наставата-изјави градоначалникот при посетата.

Додаде дека oпремувањето на училиштата со научно-наставен материјал е само првиот од големиот број проекти поврзани со подобрувањето на условите во училиштата, кои се зацртани во неговата програма.

– Сакам да нагласам дека обезбедувањето на компјутер за сите 221 училници колку што ги има во општинските училишта е првиот од бројните проекти кои ќе ги релизираме во периодот што доаѓа. Опремувањето на училиштата со научно-наставен материјал и подобрувањето на условите за работа се еден од врвните приоритети во мојата работа. Потврда за тоа е и реализацијата на денешниот проект, кој се случува во вториот месец од моето преземање на градоначалничката функција-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This