Фото: Џaмбaзoв ja обjaви пocледната зaeдничка фотографија со нeговите poдители, бaбa мy и дeдo мy

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов слободното време кое го има поради пандемијата коронавирус го користи да ужива заедно со својата љубов алпинистката Илина Арсова и да патува на разни дестинации низ земјава.

Тој е навистина активен на социјалните мрежи, каде оние кои го следат може да ги прочитаат неговите мудри мисли поврзани за животот, приватни фотографии со неговата сакана Илина, но и фотографии од архива со кои се потсетува на некои дамнешни времиња.

Последната фотографија која тој ја објави ги воодушеви сите. Тој ја сподели последната фотографија со неговите родители, неговиот татко, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, покојната актерка Анче Џамбазова. На фотографијата направена пред 27 години се и баба му и неговиот дедо, Петре Прличко.

Фотографијата за краток период достигна повеќе од 4.000 лајкови, а под истата коментираа Калиопи, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска….

„Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…“, стои во опис на фотографијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This