(Фото) 3aбeгана работа: Забрчaнец на Инстаграм се пoфaли за преносот од пpeчекот на пoчинaтите – „going live soon“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево во Скопје на Меѓународниот аеродром пристигнаа двата авиона со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром е организирана церемонија на која присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и останати почесни гости.

Настанот се пренесува во живо на Јутуб страницата на Владата на Република Македонија, а владиниот ПР-џија Марјан Забрчанец не ја пропушти ниту оваа прилика за да тера ПР на грб на настраданите и нивните најблиски.

Забрчанец имаше многу невкусен потег кога Инстаграм се пoфaли со пренесот на пpeчекот на починатите пишувајќи „going live soon“ или преведено на македонски одиме во живо наскоро.

Во најмала рака е невкусна промоцијата на еден ваков чин враќање на настраданите, а ситуацијата е уште покомплицирана поради низата пропусти на државните институции кога станува збор за кобниот автобус.

Како што претходно објави Инфомакс, возачите не биле вработени во „Беса Транс“, еден од нив немал ниту важечка лиценца, а лиценца за превоз на патници во странство немал ниту автобусот.

Утринава бугарските истражители истакнаа е дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција, бидејќи целата опрема му била заменета и останува да се види дали новите делови „не се фабрички“ што раѓа сомнеж сза уште еден пропуст на македонските институции.

Инаку официјалната функција на Марјан Забрчанец на Илинденска е Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This