(Фото) 3aплeнeти пиштoл и мyнициja во Струга, пpивeдeно едно лице

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (11.05.2021) околу 16.00 часот на влезот од Струга полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и соработка со СВР Охрид – ОВР Струга го лишиле од слобода А.А.(42) од с.Франгово, струшко, затоа што при извршен претрес, по претходна добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен Суд Струга, во патничко возило “мерцедес”, со регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден еден пиштол марка “хеклер и кох компакт” и 50 куршуми калибар 9 мм.

За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок по чл.396 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This