На 14 мај пристигнува нова пратка вакцини од Астра Зенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче, на официјалната фејсбук страна објави дека за неколку дена ќе пристигне нова пратка вакцини преку КОВАКС механизмот. Се очекува да пристигнат 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека.

„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk“, се вели во неговата објава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This