(Фото) „Cпoмeн плoчa“ зa кapиepaтa нa унгарскиот пoлитичap: “Tоj ce oбидe дa им избeгa нa влacтитe кopиcтeјќи гo oвoj oлyк oткaкo yчecтвyвaшe вo opгиja, co ekcтaзи, зa вpeмe нa пaндeмиjaтa oд кopoнaвиpyc”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Импровизирана „спомен-плоча“ во чест на политичката кариера на унгарскиот европратеник Јозеф Сајер е поставена на олукот од бриселската зграда по кој тој бегал откако полицијата изврши упад во станот каде се одвивала геј-оргија, нелегална поради протоколите во врска со коронавирусот.

Плочата е поставена од Унгарци кои живеат во главниот белгиски град.

Покрај фотографијата на Сајер, на унгарски и на англиски јазик стои:

„Политичката кариера на Јозеф Сајер, европратеник од Фидес и Еевропската народна партија, заврши тука, кога тој се обиде да им избега на властите користејќи го овој олук откако учествуваше во оргија, со екстази, за време на пандемијата од коронавирус, во петокот на 27 ноември“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This