(Фото) Ckaндaлoзнo: СПМ нa нoзe – Помошник на Миниcтepoт вo Oддeлoт зa финaнcиcки пpaшaњa cвecнo ja злoyпoтpeбил cлyжбeнaтa пoлoжбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како Синдикат имаме ЗАКОНСКА ОБВРСКА да пријавиме незаконско и непрофесионално однесување на ВИСОК функционер во Министерството за внатрешни работи‼️

Со правниот адвокатски тим на СПМ како и по одржани консултации на неколку Јавни обвинители, УТВРДЕНО е дека во конкретниот случај со директно несопирање на членарина на Синдикат на Полиција во Македонија, Помошник на Министерот во Одделот за финансиски прашања БОБАН АТАНАСОВСКИ, свесно со злоупотреба на својата службена положба и непочитувајќи ги законите сторува кривично дело по член 353 од Кривичниот законик.

Штетата постои како таква а таа е веќе “поголема”, преостанува само да се зголемува во наредниот период.

Ја повикуваме Внатрешната контрола во МВР по овој допрен глас да го испита случајот, да се “надмине” себеси и правилно да ја утврди фактичката состојба.

На почитуваниот помошник на Министерот му посакуваме повеќе да не биде “слеп” послушник на неговиот шеф и веќе од наредниот месец да ја исправи грешката што сам континуирано ја прави а со тоа ние како Синдикат му ветуваме дека нема да преземаме никакво гонење. Ако и после тоа “почитуваниот” помошник на Министер продолжи само да ни ги враќа пристапниците не процесуирајќи ги, од тука јавно му упатуваме порака дека враќање назад НЕМА ДА ИМА и како Синдикат ќе одиме до крај во кривичната постапка. Сеуште има време на разум од Ваша страна.

Сепак зошто да бидете одговорни за нешто кое Вие не сте го наредиле? 

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This