(Фото) Haд 400 бpoдoви чeкaaт дa пpeминaт пpeкy Суeцкиoт Kaнaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По шестдневна блокада повторно е воспоставен сообраќајот преку Суецкиот Канал и првите бродови запловеа од езерото меѓу северниот и јужниот крак на каналот, каде беа блокирани 45 бродови.

Еден од најголемите светски товарни бродови со контејнери „Ever Green“ го блокираше Суецкиот Канал речиси една недела, откако се насука, а денеска е преместен во пловниот дел од каналот и „ослободен“ без да биде оштетен, потврди претседателот на Управата на Суецкиот Канал, Осама Раби.

По деблокирањето на 400-метарскиот брод „Ever Green“, утрово се очекува да поминат 113 бродови преку Суецкиот Канал, изјави шефот на египетската служба за управување со водни патишта, Осама Раби. Тој посочи дека 422 брода чекаат да преминат.

Штетата предизвикана од оваа блокада на Суецкиот Канал, низ кој минува и до 20 отсто од светската трговија меѓу Истокот и Западот, се проценува милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This