(Фото) Hoж во грбот: Оваа порака ја растури коалицијата со Беса, ова ќе ја бутне Владата од понеделник?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа порака испраќана до некои од најверните членови и активисти на СДСМ уште на крајот на септември е неспорен доказ дека во СДСМ Струга имало структури – цела една групација која работела на повторниот избор на Рамиз Мерко за градоначалник.

Она што е евидентно од пораката е дека ваквото работење сигурно било координирано со претседателот Зоран Заев и други високи партиски структури. Прашањето е зошто некој глумел поддршка на партискиот кандидат Димче Шипинкароски, кога локалните партиски структури работеле по наредба на Заев за Мерко. Никому не му паѓа на памет дека ова би можело да се работи без знаење, одобрување и насоки добиени од Заев. Токму тој ги срушил надежите на искрените партиски членови кои застанале зад кандидатурата на Шипинкароски.

Резултатите јасно покажуваат дека ваквото организирано дејствување на оваа група го пушти низ вода Димче Шипинкароски. Зарем можело да се случи ова, без да бидат инструирани директно, уште во првиот круг да гласаат за Рамиз Мерко.

Веројатно лично или преку слични пораки како оваа.

Со оглед на тоа што пораката е испратена од службениот број даден од Советот на општина Струга на досегашниот и сега повторно реизбран советник, Александар Ѓуроски, истата е несоборлив доказ за игрите кои ги играле раководството на СДСМ и локалните партиски групи.

Ваквата двојна игра во Струга е и неоспорен удар врз коалицијата на СДСМ со Беса со оглед на фактот што партијата на Билал Касами имаше свој кандидат за градоначалник во градот, а Заев јавно истакна дека нема да даде поддршка ниту на ДУИ, ниту на Беса во првиот круг од локалните избори.

Во првиот круг одат сите, потоа ќе се поддржуваме фер, рече денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за коалицискиот настап на претстојните локални избори, пред почетокот на кампањата. о ДПА.

„Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови, рече Заев.

Беса најверојатно е информирана за ваквата тајна коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ и веројатно ова е главната причина што поддршка за вториот круг во Тетово бараат од опозициските партии, а не од СДСМ и Зоран Заев.

Во оваа насока е изјавата дека Беса е подготвена за нова Влада на потпретседателот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи на Фејсбук.

-После првиот круг:

Потпретседателот на АА рече ние ќе ги поддржиме кандидатите на Беса, но тие треба да ни направат атер, да побараат поддршка.

Портпаролот на Алтернатива рече ние не го поддржуваме кандидатот на Беса во Тетово.

Генералниот секретар на Беса и АА пиеја кафе и ручаа

Претседателот на ДПА рече дека Теута се чуди зошто се против неа во Тетово, иако таа не заслужува ниту еден глас и дека ДПА е секогаш во опоненција со ДУИ.

Претседателот на ДПА рече дека постои договор за поддршка на ДУИ.

Генералниот секретар на Движењето Беса ги покани членовите да ги поддржат кандидатите на АА и апелираше и тие да го сторат истото и да ги поддржат кандидатите на Беса.

Генералниот секретар на АА ја поздрави поддршката од Беса и ги повика поддржувачите на АА да ги поддржат кандидатите на Беса во Тетово и Желино.

Сега останува само Алтернатива да се изјасни за поддршка на кандидатите на Беса и Беса да ги поддржи нив.

На овој начин ќе се докаже дека сакаме да ја направиме промената во албанскиот блок почнувајќи од локалната власт.

Што се однесува до новото парламентарно мнозинство без ДУИ што го спомена Арбен Таравари, тоа треба да биде ден поскоро, напиша во својот пост Кастриот Реџепи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This