(Фото) Tajнa сpeдба помеѓу Зaxариева и Ocмани во Бepлин – бугapcките мeдиyми по гpeшка ја обjaвија инфopмaциjaта па ја избpишaa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што и се очекуваше вистинска драма се случува во кратка временска рамка која преостанува за носење на едногласна одлука за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија. Доколку претходно Холандија, Франција и Грција беа земјите кои што го блокираа членството на Македонија во ЕУ сега проблемот е Бугарија која настапува со максималистички барања.

Како што потврди министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева од Македонија се бара да се согласи на бугарски компромис и да прифати дека македонската нација и македонскиот јазик произлегуваат од бугарскиот, а Македонците се Титова творба.

Во овие драматично моменти се случуваат и ПР- грешки, а токму таква грешка направи бугарската агенција БГНЕС. Имено бугарскиот медиум пренесе дека Борисов ја испратил Захариева на тајна средба со македонски претставници

Она што дополнително го потенцираше бугарскиот медиум е дека Бугарија останува на тврдите ставови, односно или прифаќање на бугарските барања или вето!

Она што најмногу загрижува е тајноста преговорите и фактот што БГНЕС само неколку минути подоцна ја извбриша веста!

-Премиерот Бојко Борисов ја испрати вицепремиерката и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева во Берлин каде вечерва на покана на германското претседателство со Европскиот Унија ќе се состане со претставници на Република Македонија.

Целта на разговорите во германскиот главен град е Бугарија да ги каже условите кои треба да се исполнат за да РСМ започне преговори со Европската Унија.

Се очекува Захариева да ја претстави тврдата позиција на Софија, потенцирајќи дека има се помалку време и простор за решение. Остануваат само броени денови во Европската Унија треба да одлучи да РСМ ќе ги започне преговорите за членство. БГНЕС го контактираше бугарското МНР, но од таму нема ниту потврда ниту демант на информацијата, пренесува БГНЕС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This