ФРАНЦИЈА СО НОВИ МЕРКИ: Се подготвува да го продолжи огpaничувањето на движењето на населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фанцуската Влада се подготвува да го прошири ограничувањето на населението по првичниот датум, предвиден за крајот на март, за да се спротивстави на епидемијата на коронавирус, јави дописникот на МИА.

Научниот совет за „Ковид-19“ ќе треба да донесе одлука за оваа во текот на утрешниот ден.

Властите во земјата сакаат уште повеќе да ги заострат мерките за ограничено движење. Полициски час е воведен во Мулуз, Шарлевил-Мезиерес и целото крајбрежје на Алпите-Маритиме, Перпињан итн.

Следењето на забраната за излегување резултираше со речиси 1,8 милиона полициски проверки. Од кога пред една недела почна спроведувањето на мерките забележани се 91.824 прекршувања на мерките.

Државниот совет побара проверките да бидат уште поригорозни, како и зидавањето дозвола за прошетки и спортски активности и излегување поради здравствени причини.

На економски план, повеќе големи француски претпијатија како Ербас, Тотал, Винчи … предупредија дека нема да можат да ги исполнат своите цели за 2020 година или треба драстично да ги намалат своите инвестиции во пресрет на кризата со коронавирусот и нејзините последици.

Францускиот претседател Емануел Макрон по разговорите со претставниците на религиозните заедници предупреди дека априлските религиозни празници ќе треба да се празнуваат поинаку.

Министерот за образование најави дека е можно учениците да останат дома се до почетокот на мај

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This