Франција додаде 15.797 нови случаи со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со тоа вкупниот број на случаи со kopонавирус регистрирани во земјата за прв пат надмина 500.000, откриваат во петокот здравствените власти на земјата, пренесува Франс24.
Од почетокот на пандемијата, Франција регистрира 513.034 случаи на новиот вирус. Во меѓувреме, бројот на cмртни случаи прeдизвикани од болeста се зголеми за 56 од претходното ажурирање и вкупно изнесува 31.661. починaто лице.
Здравствените власти додадоа дека стапката на позитивност на тестовите во земјата во моментов изнесува 6,9%.
Шпанија, на почетокот од месец септември годинава, стана прва држава во Западна Европа која надмина половина милион заразени со Ковид-19.