ФРАНЦУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Ако ја оставиме Италија на цедило, тоа би значело крај на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оставањето на Италија на цедило би значело крај на Европа, предупреди францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер во изјава за виенскиот весник „Прес“.


Франција смета дека постоењето на ЕУ е загрозено во борбата за договор околу помошта за справувањето со коронавирусот.

„Ние не сакаме да исчезне европскиот проект. Не сакаме да експлодира еврозоната“, рече Ле Мер.

Тој им укажа на скептичните земји како Австрија дека трошоците за обнова не треба да се потценуваат.

Министерот посочи дека предлогот на Париз не се однесува на европска еврообврзница, туку на фонд за обнова, кој би бил финансиран преку заедничко задолжување на земјите-членки на ЕУ.

Тој објасни дека не станува збор за преземање стари долгови, туку задолжување за идните задачи, на ограничено време, на пет години, на пример. Ова, рече тој, е поповолно од финансирањето преку буџетот на ЕУ, бидејќи отплатите на долговите можат да се договорат на подолг временски период.

„Едноставно велам дека ни се потребни пари, многу пари“, рече Ле Мер. Во спротивно, предупредува тој, постои опасност членките на ЕУ да останат во длабока рецесија со години, што би предизвикала сериозни политички последици.

„Дали навистина е во интерес на Холандија и другите Италија да падне во огромна депресија во наредните години? Не мислам така. Не велам да платиме за другите. Тоа не е француски став. Веќе се соочуваме со огромна криза, станува збор за иднината на Европа и сите земји се изложени на ризик, дури и оние со стабилни финансии“, истакна Ле Мер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This