ФУФКА ОД ИЗБОРИ: СДСМ бара избори во декември наместо во септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредната состојба се злоупотребува, не за заштита на здравјето на граѓаните, туку за носење на уредби со законска сила со цел да поминат буџетските пакети за поткуп, кои Заев ги нарекува помош во пресрет на можните избори, брифираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжувањето на вонредната состојба беше барање на комисијата за заразни болести поради како што наведоа, заштита на здравјето на граѓаните, а вчера гледаме дека вистинската причина била токму носењето на уредби, како и што призна самиот Пендаровски, со што се злоупотребува и самата комисија и нејзиното мислење. Организирано делење на пари во пресрет на можни избори не е ништо друго туку покривање на неуспесите во економијата со груб еднократен поткуп казнив со закон. – Обинуваат од опозицијата во утринскиот брифинг.

Оттука ги повикуваме и оние кои ги пишуваат уредбите, да внимаваат што пишуваат а и оние кои имаат намера да потпишат нешто што е незаконско, да знаат и да внимаваат што потпишуваат затоа што ќе одговараат и целата нивна работа ќе биде предмет на ревизија, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа што СДСМ испрати ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември покажа дека не им е грижа за здравјето на граѓаните туку се борат за потесен пораз. Со ова им падна и во вода тврдењето дека биле за брзи избори сега затоа што на есен ќе имало нов бран на корона, кога тие бараат избори во декември. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ убедено во силна победа, ќе се бори првенствено за заштита на здравјето на граѓаните. Наместо со лицитација на датуми за избори, и притисоци врз ДИК за неразумни кратења на рокови, СДСМ треба да се посвети кон заштита на здравјето на граѓаните. Сето нивно однесување освен несериозност покажува дека се опасност по здравјето на граѓаните, и сакаат ФБ избори кои ќе бидат нерегуларни и некредибилни, заклучуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This