ФATEHИ ЖИBИ: Димитров го предлага за амбасадор професорот кој одобри стипендија од 40 илјади евра за ќерка му

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров има судир на интереси со предлагањето на Мишо Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив, обвинува пратеникот Антонио Милошоски.

На вчерашната владина седница Димитров, како законски овластен, го предложил професорот на Правниот факултет за амбасадор во Тел Авив, а според Милошоски постои основан сомнеж дека ваквиот предлог на министерот претставува незаконит судир на интереси.

Истиот професор Докмановиќ на 4 август 2017 година, со решение на министерката за образование Дескоска, бил дел од составот на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Невообичаено за администрација, комисијата се состанала веднаш, истиот ден кога е формирана и по итна постапка го разгледала и одлучила по барањето на ќерката на Димитров да ѝ биде доделена државна стипендија во висина од 40.000 евра за секоја година од студиите во Холандија, на Универзитетот во Утрехт, објави денеска Милошоски.

Тој додава дека со одлуката за доделување на споменатата стипендија Комисијата овозможила член на семејството на министерот Димитров да оствари приватен интерес и материјална корист.

Затоа постои основано сомнение дека остварувањето на ваквиот значителен приватен интерес за семејството на Никола Димитров влијаело врз (не)пристрасното вршење на неговите министерски овластувања кога тој одлучил на владата да ѝ го предложи токму професорот Докмановиќ, а не некој друг, за амбасадор во Тел Авив. Голема е веројатноста дека министерот Димитров како избран функционер му возвратил со давање на предност лично на професорот Докмановиќ и му овозможил повластица преку неговото предлагање за амбасадор во Тел Авив.

Затоа за овој случај, согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, антикорупциската комисија треба по службена должност да покрене постапка за утврдување на судирот на интереси на релација Димитров-Докмановиќ и нивната взаемно остварена корист. До завршувањето на таа постапка препорачливо е претседателот Пендаровски да се воздржи од потпишување на указ за ополномоштување на професорот Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив, вели Милошоски.

 

МНР Димитров има СУДИР НА ИНТЕРЕСИ со предлагањето на Докмановиќ за амбасадор во Тел АвивНа вчерашната владина седница…

Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, December 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This