Фekaлии ceпaк ce излeвaлe вo Охридско Eзеро: Инcпeктopитe пocтaпyвaa пo пpиjaвa нa Левица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инспекторатот за животна средина извршил вонреден надзор врз излевање на води во Охридското Езеро од колекторскиот систем. Инспекцијата е по претставка на политичката партија Левица. Се проверувала функционалноста на колекторот што ги одведува отпадните води од населбите долж Охридското Езеро до станицата за пречистување во Враништа.

Инспекторите извршиле увид на делница на колекторот од препумпна станица Орце Николов до препумпна станица Подмолје, посетувајќи ги и препумпните станици лоцирани долж оваа делница кај месноста Далјан и спортското игралиште.„При увидот констатирано е дека четирите препумпни станици се функционални.

Меѓутоа, поради дождовите, како и собирањето, односно одведувањето на фекалните и атмосферските отпадни води во заедничка, наместо одделна мрежа, кај инспектираните станици утврдено е прелевање на отпадните води во езерото. Државниот инспекторат ќе достави известување до надлежен овластен инспектор за животна средина и до општините Охрид и Струга да преземат мерки за санација на секундарната канализација и издвојување на атмосферските и фекалните отпадни води, велат од Инспекторатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This