Хакирана официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше кратко xaкирана, една недела пред изборите на 3 ноември во САД.

Неколку минути на donaldtrump.com се појави порака дека „оваа веб-страница е зaпленета“.

„Светот е заситен со лaжни информации што претседателот ги шири секој ден“, беше напишано на веб-страницата.

Авторите на пораката тврдеа дека имаат доверливи информации за Трамп и неговата влада, како и дека побарале плаќање во крипто-валута со цел да се открие нејзината содржина.

Сепак, хaкерите не дадоа докази за тие тврдења, пренесува Танјуг.

Портпаролот на кампањата Трамп 2020, Тим Мурто го потврди хакерството на страницата, велејќи дека соработувал со полицијата со цел да се најде изворот на нападот.

„Ниту еден чувствителен податок не е откриен бидејќи ниту еден не е зачуван на оваа веб-страница“, рече Мурто и додаде дека страницата работи повторно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This