ХАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Јоханес Хан доаѓа во Македонија за да се сретне со Катица и шарените?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, идниот петок на 14-ти октомври ќе ја посети Република Македонија. Во Скопје се предвидени средби со цел дискусија за организацијата на предвремените парламентарни избори во декември и имплементација на итните реформски приоритети.

Han-sredba-Przino

Ова за МИА го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека првиот човек за проширување на Европска унија ќе дојде два дена по предвиденото распуштање на македонскиот парламент со цел организирање на изборите на 11 декември.

– Ние можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети,  изјави Коцијанчич за МИА.

Како гарантор на Пржинскиот договор што меѓу четирите политички партии во Македонија беше постигнат во јуни/јули минатата година, а надграден на 31 август оваа година, комесарот Хан сака да се увери дека договорот ќе се почитува во земјата и дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември и истите да стават крај на долготрајната македонска политичка криза.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This