ХАН НА СРЕДБА СО ЛИДЕРИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ: По средбите со државниот врв, Хан на средба со лидерите на партиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан попладнево во Скопје ги почна средбите со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание, на кои се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември минатата година

Han-sredba-Przino

 

 

Првата средба на Хан е со лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, по што ќе следат средбите со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со Мендух Тачи од ДПА, со Али Ахмети од ДУИ, со Зоран Заев од СДСМ, а последна според најавите ќе биде средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На прес-конференцијата што се одржа попладнево по министерскиот состанок за Западен Балкан чиј домаќин беше македонското МНР, Хан изјави дека е дојден во Скопје да ги ислуша лидерите на политичките партии и да пренесе порака дека по спроведените избори следен чекор е формирање влада со широка солидна основа посветена на ЕУ агендата.

– Важно е новата влада да се формира на солидна широка основа и да ја следи европската перспектива. Нема да даваме совети на која било партија како понатаму да продолжи со своите активности, но сите треба да бидат свесни за сопствената одговорност, рече Хан на прес-конференцијата.

Еврокомесарот Хан активностите ги започна утрината со средба со премиерот Емил Димитриев по што во Владата на РМ присуствуваше на состанокот на министрите за енергетика.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This