ХАН ПОТВРДИ ДЕКА ПРЕД 2025 МАКЕДОНИЈА НЕМА ШАНСИ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ: 2025 година е реалистичен датум за ЕУ ако се забрзаат реформите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, во интервју за Ди Велт, вели дека 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите.

– Датумот 2025 е индикативен, но ако се интензивира имплементацијата на реформите тој е доста реалистичен. Но, сите критериуми за членство мора да бидат исполнети претходно, нема скратен пат. Мотото е „квалитет пред брзина“, вели Хан.

Тој во интервјуто уште еднаш го поздрави гласањето за уставните измени во македонското Собрание.

– Благодарен сум им на сите пратеници кои си ја исполнија одговорноста и ги ставија интересите на државата пред оние на партијата. Ова посебно важи за пратениците од опозицијата кои гласаа спротивно од партиската линија и ги сносеа последиците од тоа, односно исклучувањето од партијата, изјавил Хан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This