ХАОС ВО ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР: Пациентите оставени сами на себе, вработените немаат услови, криминалци ги тероризираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нечовечки услови за пациентите во Психијатриската болница во Демир Хисар, згрижениците оставени без грижа а вработените без елементарни услови за работа – се жалат за Лидер, луѓе вработени во болницата.

Како што велат, поради тоа што управата и Министерството се грижат повеќе за партиските интереси отколку за условите на згрижениците, болницата е оставена да пропаѓа.

-Во психијатриската болница нема обезбедување, кое е неопходно затоа што си имаме работа со пациенти кои со најтешки случаи на психички болести, а има и осуденици кои поради својата психичка ситуација не можат да лежат во затвор туку мора да лежат во болницата во Демир Хисар. Нема средства за чистење и слични работи неопходни за секојдневно нормално функционирање на болницата. Сето тоа се случува поради раскинување на договори со фирми кои нуделе поповолни услови од оние кои се појавувале на тендерите, но не биле по воља на владејачката СДСМ. – вели за Лидер, извор од Болницата.

Вработените велат дека дополнителен проблем е што медицинскиот персонал л зема плата под стандарди за специјални болници.

Оставени без обезбедување – поништен тендер за Агенција за обезбедување, нема ни кој да чисти
Во Психијатриска болница Демир Хисар од први јануари годинава нема агенција за обезбедување. Спореддпроцедурите кои се спроведувале до сега секоја година во декември месец се распишува тендер за Агенција за обезбедување. Тендерот за 2018 година тенедерот го доби Агенцијата „Гарда“ која била и претходно ангажирана во оваа болница, но, како што брифира изворот на Лидер, поради партиски интереси тендерот бил поништен.

– На јавното надавање, поради најповолната понуда повторно беше избрана Агенцијата „Гарда“, но претходно во четри очи било пазарено оди во рацете на пријател на претседателот на СДСМ во Демир Хисар, Никола Поповски. Токму по ингеренции на Поповски, управниот одбор на Болницата ја поништи целата тендерска постапка со образложение дека Болницата нема потреба од агенција за обезбедување. Во период од 6 месеци неможе да се распише нов тендер, а поминуваат веќе четири месеци без обезбедување. – вели нашиот извор.

Поради оваа ингеренција од партиска природа, како што дознаваме, сега судското оделение во кое лежат и неколкукратни убијци е оставено целосно без обезбедување па осудениците може да претставуваат и опасност за околината.

За одржувањето на хигиената во болницата се грижела агенцијата „Бапал“ од Скопје, но, по доаѓањето на новата власт, непосредно пред локалните избори во 2017 година, со притиск кон агенцијата се направила промена на сите хигиеничари со што на ново дојдените им било ветено дека ќе бидат за кратко време вработени преку болницата.

-Се раскина договорот со агенцијата. Сега агенција за чистење нема, а тие што работеа или 16 хигиеничари со договор останаа во Болницата со што сега болницата им исплаќа плата од сопствениот буџет. Но најголемиот проблем е тоа што сега хигиената во болницата е во катастрофална состојба. Нема никакви средства за чистење поради тоа што болницата сега треба да ги набавува, бидејќи се чека тендерот за набавка. Оваа ситуација е ужасна за пациентите, како и за персоналот.– вели изворот на Лидер.

Пироман се шета слободно, глуми дека е луд
Скандалите со Психијатриската болница во Демир Хисар не прекинуваат тука. Во Болницата пред скоро една недела било примено лице кое има извршено кривично дело предизвикување на пожар во кафуле во Прилеп. лицето е донесено по партиска наредба и за истото се чека решение од суд.

Но, како што брифираат нашите извори, пироманот е во отворенто одделение каде има слобода. Идејата на оние кои го сместиле таму е тој наместо да биде во затвор, да биде хоспитализиран во болницата, а судот да донесие решение дека има психички проблем.

-Најтрагично во целиот случај е тоа што нискиот медицински персонал сестри и болничари земаат плата под сите стандарди за специјални болници. Болничарите и сестрите воопшто не се внесени во систем на дежурства, туку се евидентирани како работа во ноќна смена и за тоа добиваат 150 денари од дежурство, за разлика од нив докторите за истие работни саати се платени многу големи суми. – вели нашиот извор.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This