Харадинај објави фотографија: Вака им даде поддршка на Џака и Шаќири (ФОТО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави фотографија на која со раце го прави симболот на албанскиот орел, во знак на поддршка на фудбалерите на швајцарската репрезентација со албанско етничко потекло Гранит Џака и Џердан Шаќири, кои поради истиот симбол беа казнети од ФИФА, јавува дописникот на МИА од Приштина.


Фотографијата на која, во својот кабинет, го прави албанскиот симбол заедно со членовите на неговото обезбедување, Харадинај ја објави на Инстаграм.

Џака и Шаќири, кои се по потекло од Косово, беа казнети со по 10 000 франци, затоа што ФИФА оцени дека ги провоцирале српските навивачи.

Тие го направија симболот на албанскиот орел по постигнувањето на головите, со кои нивната репрезентација на Светското првенство во Русија, ја победи Србија со резултат 2:1.

Со 5 000 франци за истиот гест е казнет и швајцарскиот капитен Штефан Лихштајнер. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This