ХЕРМЕЛИНИ, СПЕЦИЈАЛЦИ И ХЕЛИКОПТЕРИ: Затворот „Шутка“ мета на терорстички закани од Косово, за ослободување на терористите од „Диво Насеље“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражниот затвор во Шуто Оризари последниве денови е претворен во вистинска тврдина откако во него се сместени засилени полициски специјални сили.

Во дворот на затворот меѓу зградите каде што се сместени затвореници и административните згради се распоредени и борни оклопни полициски возила Хермелни а воведен е и посебен режим и поголема контрола на движењето во самиот затвор и  при влез и излез од него.

Според вработени и затвореници во затворот од страна на полициските единици кои што ја преземале безбедноста на затворот од затворските чувари се врши и посебен мониторинг на улиците кои што гравитираат кон затворот особено влезот.

Неофицијално се работи за мерки преземени по добиени информации за реални закани за напад од страна на роднини и другари на уапсените во кумановското „Диво Насеље“ од Косово и од Македонија кои што во едно од сценаријата планирале да го нападнат затворот и да ги ослободат убијците на 8 полицајци во Куманово.

Колку се сериозни заканите говори и фактот што во обезбедување на уапсените од Куманово и во обезбедување на ИЗ Шутка се вклучени припадници на специјалната единица Тигар која што се смета за најподготвена полициска единица и која што учествуваше во борбите во Диво Насеље.

Речиси половина од затворените на кои што им се суди во Скопје се сместени во истражниот затвор во Шутка.

 

 

Дека состојбата е сериозна потврдуваат постојаните прелети над Скопје на полициските хеликоптери на секое рочиште за кумановските настани како и постојаните патроли на полициските специјалци кои што се распоредени на скопската заобиколница и особено на правецот Стенковец – Визбегово – Бит Пазар – Скопски Судови каде што на одредени делови полициски специјалци и припадници на редовната полиција се распоредени на буквално секои 50 метри и тоа со автомати во раце.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This