ХИБPИДEH PEЖИМ: Македонија и натаму е дeлyмно cлободна земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и натаму останува во групата на делумно слободни земји, покажува најновиот извештај американската невладина организација „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2020 година.

На скалата од 1 (најлошо) до 100 (најдобро), земјава се наоѓа на 63-то место, што е за четири позиции подобро во однос на извештајот за 2019 година.

Од земјите во регионот, во групата на слободни држави се Словенија, Хрватска, Грција и Бугарија, а Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, БиХ се делумно слободни земји рангирани меѓу 53-то и 67-то место.

Од 195 земји во светот опфатени во анализата на „Фридом хаус“, 83 се означени како слободни, 63 како делумно слободни, а 49 неслободни.

Листата најслободни земји ја предводат Норвешка, Шведска, Финска и Холандија.

Најлошо позиционирани се Сирија, Јужен Судан, Северна Кореа, Саудиска Арабија и Либија.

Бројот на слободни земји годинава е помал за три проценти, а на делумно слободните и неслободните е зголемен за два отсто.

„Фридом хаус“ забележува пад на демократијата во целиот свет и тоа не само во земјите со авторитарни режими, туку и во држави кои имаат долгогодишна демократска традиција. Политичките и граѓанските права се загрозени, популистичките лидери и партии ги засилиле нападите врз независните институции, а во многу земји демократијата е под закана.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This