Холандскиот експерт за Балканот за апceњето на Рашковски: Двојни стандарди, гpyбо апceње на членови на ВМРО-ДПМНЕ, но не и за Рашковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Споредувајќи го домашниот притвор за Драги Рашковски со затворските притвори и грубиот однос кон лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ, холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, оценува дека станува збор за „двојни стандарди“.

„Македонската историја се повторува (т.е. Драги Рашковски ја копира Катица Јанева): изобилство докази; обвинувањата долго време се игнорираат; на одмор (Грција/Мексико) пред да бидат поканети на суд/уапсени, без лисици, а потоа испратени во домашен притвор. Лекција за Рашковски: Јанева е во затвор со години“, коментира Ван ден Берг на Твитер.

„Ако некој е поврзан со ВМРО наместо со СДСМ, дури и откако бил притиснат за пари од СЈО и партнери (Камчев) и политички инженеринг со СДСМ (Мијалков): грубо апсење, лисици, затворен пред да биде осуден. Некои (Чавков) во затвор со децении (за ‘тероризам’). Двојни стандарди“, додава Холанѓанецот во нов твит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This