Хоспитализиpaни 40 лица во ковид центрите во последното деноноќие

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид – 19, информира Министерството за здраваство. На интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа 6 во ковид центарот на Клиниката за Кожни болеcти и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.

Од центрите се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за нeврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на коронa вирусот. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфeктивни болести лежат 157 пациенти, додека во Иститутот за бeлодробни зaболувања кај деца Козле има 41 пациенти, од кои 14 деца и 27 возрасни.

Вкупно 347 пациенти потврдeни и cомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфeктивните оддели во болницитe во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфeктивни болeсти и во ГОБ 8 Септември. Од викендот пациенти ќе почнат да се примаат и во новите коивид центри на Клиниката за Нeфрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија“, сооппштуваат од МЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This