Хотелите на охридското крајбpeжје СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА заради пaHдемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поголем дел од хотелите во Охридско-струшкиот регион поради состојбата со пандемијата од коронавирусот ќе стават клуч на врата од декември до март. Во моментот работат со помалку од 10 отсто од капацитетите, што воопшто финансиски не е издржливо, смета првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески.

Во туристичкиот сектор, потенцира, потребно е исполнетост од над 30 проценти за да се покријат месечните трошоци. Доколку исполнетоста е над 40 отсто останува идни планови и инвестиции.

– Со оглед на моменталната состојба поголем дел од хотелиерите размислуваат за затворање на капацитетите барем за декември, јануари и февруари. Во очекување сме на подобри времиња и да размислуваме за повторно отворање од март, истакна Блажески за МИА.

Во период на пандемија, додаде, интересот за претстој е мал на домашните гости, а затворените граници и неможноста за организирани посети се дополнителен проблем во угостителскиот сектор. Поради состојбата и ограничувањето на собири и неможноста да се почитуваат протоколите нема да има организирани новогодишни забави, а откажани се и неколку семинари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This